ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА НА КОМПЛЕКСОТ РОБЕВЦИ

null

Охрид, 15. јули 2025 – Деновиве заврши санацијата на помошните објекти односно „магаза“ на комплексот Робевци, зафати кои започнаа во ноември минатата година.

Истите се спроведуваа согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Станува збор за реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“. Предвидени беа и итервенции и се отпочна со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, а се постави нов под од гранитни плочи. На објектот беа санирани внатрешните ѕидни-платна, а се изврши и промена на надворешната столарија и освежување на фасадата во бела боја.

Сите зафати беа реализирани во насока на подобрување на функционалоста на помошниот објект кој служеше за депо на археолошки наоди.

Извор: ohridpress.com.mk

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MKMacedonian
Scroll to Top