-Историјат-

-Почетоци-
На просторот од сегашната куќа на Робевци во Охрид постоеола друга куќа, сопственост на Јаким Пендо од маалото Геракомија, сѐ до 1825 година, кога ја откупиле браќата Ангеле и Анастас Робеви. Ја урнале до темел и изградиле нова куќа во 1827 година. Зад новата куќа, на северната страна, подигнале магаза од камен, над која биле изградени амбари за жито. Градењето на куќата, со приземје и два ката, било завршено на 15 април 1827 година. Во неа фамилијата Робевци живеела 35 години, до јануари 1861 година, кога ја запалил познатиот злосторник од Охрид и охридскиот крај Устреф бег.
Две години по пожарот, од 1861 до 1863 година, сегашната куќа на Робевци била повторно изградена и тоа, левата половина за Константин Робев, а десната за Анастас (Тасе) Робев.
За главен градител бил ангажиран Тодор Петков (1814-1899) од с. Гари, Западна Македонија, од родот на Огненовци, познат македонски резбар и градител од средината на ХIХ век. Неговиот татко Петко бил прочуен резбар кој работел заедно со Петре Филиповски-Гарката од кого го научил резбарството.
Под раководство на Тодор Петков бил направен и ентериерот на куќата на Робевци: резбаните тавани, долапи и други украсни елементи. Меѓутоа, за да се разликуваат резбите, за делот од куќата што му припаѓал на Ангеле биле повикани други мајстори-резбари од Дебар. Во текот на работата во двете половини на објектот, на копаничарските тајфи им било забрането да се гледаат помеѓу себе, па затоа левата половина на куќата, во која живеел Констанин се разликува од другата половина во која работеле други мајстори.

Анастас и неговата жена, средината на XIX век.
-Фамилија Робевци-
Робевци се богата охридска фамилија, која според некои проучувачи се спомнува од 1379 година на надгробен натпис во црквата „Света Богородица Перивлепта“. Но, попознати се од времето на Стефан Робев, кој е основач на трговската фирма со која го стекнува тоа големо богатство. Тој кон крајот на 18 и почетокот на 19 век основал трговска фирма, која е проширена од неговоите синови Анастас (во некои извори се спомнува како Атанас) и брат му Ангеле, и нивните синови. Фирмата се бави главно со производство и продажба на кожи и крзна.
Од она што се знае за фамилијата е дека не се познати само како трговци, туку и по тоа што произлегле голем број интелектуалци и високо образовани луѓе. Најстариот син на Ангеле, Константин е првиот доктор на медицински науки во охридско-битолскиот крај. Докторирал во Виена во 1841 година и неговиот брат Ефтим, (кој починал многу млад не оставил потомци), докторирал во Лајпциг, Германија, каде извесен период бил и асистент. Од оваа фамилија излегле голем број интелектуалци во 19 век, во услови кога Македонија е дел од Османлиското Царство. Тоа е за почит, освен пари поседувале и интелект. Голем број од нивните потомци се доктори на медицина или други науки.Синот на Анастас, Димитар, пак, е првиот пратеник во Османлискиот парламент во 70-тите години на 19-от век, претставник од Макеоднија од овие краишта. Познат бил како голем лобист за независна Македонија, но за жал неговите лобистички напори не вродиле со плод во тој период.

Константин Ангелов Робев
-Народен музеј на Охрид-
Во јуни 1950 година во неа е сместен Народниот музеј во Охрид, а во 1951 година е ставена под заштита на Законот за културно-историските споменици. Зградата е национализирана во 1953 година, а во 1959 година е предадена на Народниот музеј-Охрид на трајно користење. Со интеграцијата на Народниот музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата на 1 март 1973 година, Народниот музеј како самостојна организација престанува да постои во дотогашната форма. Тогаш започна и реконструкцијата на Куќата на Робевци, која со прекини траше до 25 август 1990 година, кога и се отвори повторно како музеј со спомен кат за семејството Робевци, со презентација на археолошкото богатство на Охридско-струшкиот регион и со презентација на Охридската резба во Ширванот на куќата, кој и доби функција на Охридска резиденција.
Во 1996 година, Куќата на Робевци е повторно ставена под заштита на Законот за заштита на спомениците на културата на Република Македонија како вредно културно-историско градителско наследство со препознатливите карактеристики на староградската охридска архитектура од XIX век.

Куќата е заштитен споменик на културата и ја сочинуваат три ката, плус најгорниот кат т.н. “ширван”. Во долниот дел се наоѓаат изложени епиграфски споменици од Охрид и околината, како и вредните експонати: “Миљоказ” (пронајден на патот Вија Егнација), двете торза на божицата Изида и др. Археолошките експонати датирани од праисторијата до средновековниот период се изложени и на вториот и третиот кат.
Во ширванот од куќата, која плени со својата надворешност, но и внатрешност, се презентирани примероци на предмети изработени во “охридска резба”, дела на познати мајстори од градот и околината. Во источниот дел од катот може да се види и етнолошката поставка на предмети од покуќнината на семејството Робевци (ковчези, родослов, зачувана фреска од Дичо Зограф од 1862 година, лекарската торба на Константин Робев и др.).
-Охридска резба-
Во изложбениот салон на Куќата на Робевци во Охрид, пред македонската и странска јавност се изложени ретки примероци на современа охридска реза. Резбата е занает со долга традиција во Охрид. Тука со децении постоело резбарско училиште, а по неговото затворање подмладокот се обучувал во Ателјето на ЕМО во Охрид. Резбите изработени од охридските мајстори се исклучително вредни уметнички дела, кои се мошне ценети не само во Македонија, туку и пошироко. Нивните дела красат голем број духовни храмови, како и институции.

Розета, длабока и ажурна резба со цветови и птици, автор мајстор-резбар Цветан Николовски, втора половина на XX век.

Свети Климет Охридски релјефна икона, мајстор-резбар Петар Калајџи, втора половина на XX век.

Четири годишни времиња, маjстор-резбар Петар Калаjџи, втора половина на XX век.
-Историјат-

-Почетоци-
На просторот од сегашната куќа на Робевци во Охрид постоеола друга куќа, сопственост на Јаким Пендо од маалото Геракомија, сѐ до 1825 година, кога ја откупиле браќата Ангеле и Анастас Робеви. Ја урнале до темел и изградиле нова куќа во 1827 година. Зад новата куќа, на северната страна, подигнале магаза од камен, над која биле изградени амбари за жито. Градењето на куќата, со приземје и два ката, било завршено на 15 април 1827 година. Во неа фамилијата Робевци живеела 35 години, до јануари 1861 година, кога ја запалил познатиот злосторник од Охрид и охридскиот крај Устреф бег.
Две години по пожарот, од 1861 до 1863 година, сегашната куќа на Робевци била повторно изградена и тоа, левата половина за Константин Робев, а десната за Анастас (Тасе) Робев.

За главен градител бил ангажиран Тодор Петков (1814-1899) од с. Гари, Западна Македонија, од родот на Огненовци, познат македонски резбар и градител од средината на ХIХ век. Неговиот татко Петко бил прочуен резбар кој работел заедно со Петре Филиповски-Гарката од кого го научил резбарството.
Под раководство на Тодор Петков бил направен и ентериерот на куќата на Робевци: резбаните тавани, долапи и други украсни елементи. Меѓутоа, за да се разликуваат резбите, за делот од куќата што му припаѓал на Ангеле биле повикани други мајстори-резбари од Дебар. Во текот на работата во двете половини на објектот, на копаничарските тајфи им било забрането да се гледаат помеѓу себе, па затоа левата половина на куќата, во која живеел Констанин се разликува од другата половина во која работеле други мајстори.
-Фамилија Робевци-

Робевци се богата охридска фамилија, која според некои проучувачи се спомнува од 1379 година на надгробен натпис во црквата „Света Богородица Перивлепта“. Но, попознати се од времето на Стефан Робев, кој е основач на трговската фирма со која го стекнува тоа големо богатство. Тој кон крајот на 18 и почетокот на 19 век основал трговска фирма, која е проширена од неговоите синови Анастас (во некои извори се спомнува како Атанас) и брат му Ангеле, и нивните синови. Фирмата се бави главно со производство и продажба на кожи и крзна.

Од она што се знае за фамилијата е дека не се познати само како трговци, туку и по тоа што произлегле голем број интелектуалци и високо образовани луѓе. Најстариот син на Ангеле, Константин е првиот доктор на медицински науки во охридско-битолскиот крај. Докторирал во Виена во 1841 година и неговиот брат Ефтим, (кој починал многу млад не оставил потомци), докторирал во Лајпциг, Германија, каде извесен период бил и асистент. Од оваа фамилија излегле голем број интелектуалци во 19 век, во услови кога Македонија е дел од Османлиското Царство. Тоа е за почит, освен пари поседувале и интелект. Голем број од нивните потомци се доктори на медицина или други науки. Синот на Анастас, Димитар, пак, е првиот пратеник во Османлискиот парламент во 70-тите години на 19-от век, претставник од Макеоднија од овие краишта. Познат бил како голем лобист за независна Македонија, но за жал неговите лобистички напори не вродиле со плод во тој период.