Фото: Библиотека Хoутон на Универзитетот Харвард, САД
Голема колекција на слики, цртежи и скици на пејзажи од англискиот сликар, романсиер, поет, патописец Едвард Лир деновиве е изложена во Куќата на Робевци во Охрид, кои ги направил за време на неговата посета на Охрид и Битола во 1848 година. Во 19. век, тој бил единствениот Англичанец кој го истражувал Охридскиот Регион, од каде ја добил инспирацијата за уметничките дела.
Во 1848, Лир на патување од Грција кон Константинопол навлегол во дивите територии на тогашната Отоманска империја. Преку Егејска Македонија доаѓа во Преспа, Битола и Охрид, а од таму продолжува за Албанија. Она што тој го насликал и напишал за време на ова свое патешествие е од големо значење за Македонија и е важен документ за земјата од тоа време.
Лир се смета за несекојдневна личност од периодот на првата половина на 19 век. За разлика од своите современици, изразува силен интерес за диви, природни пејзажи. На свој специфичен начин, Лир ги насликал сцените што ќе наишол и интензивните емоции што ги доживеал, а токму патувањето од Солун до Охрид во септември 1848, во периодот на османлиското владеење, било можност до израз да дојде неговиот сликарски и романсиерски талент.
Фото: Библиотека Хoутон на Универзитетот Харвард, САД
Извор: sdk.mk